Како до совршена комбинација од тесен топ и предимензионирани пантолони

21 јули 2022

Дали знаевте дека еден од најприсутните трендови годинава, комбинацијата на минијатурен и тесен топ со предимензионирани и широки пантолони е всушност ехо на трендот кој го поставија пејачката Алија во 90-тите, а подоцна и Аврил Лавињ, додавајќи му панк твист на овој типичен хип-хоп имиџ?

Фото: Pinterest

Денес, главниот „виновник" за растечката популаност на овој тренд е генерацијата Z и корисниците на TikTok платформата кои објавуваат содржина посветена токму на оваа комбинација, додавајќи го хаштагот #BigPantsLittleTop за полесно пребарување и наоѓање инспирација.

Но, овој тренд не е ограничен единствено на уличната и интернет модата. Големите модни имиња како Jacquemus, Chanel, Casablanca, and Christopher John Rogers, ја презимаат оваа комбинација во свои раце, давајќи ѝ високо-модна димензија.

Фото: Vogue

Па така, на пролетната модна ревија на Jacquemus ја видовме неговата интерпретација на овој тренд преку уникатна комбинација од циклама бралет, предимензионирани розови тексас панталони и широка кошула на закопчување во иста боја. Chanel пак ги врати во мода тесните топови со графички дезени впикани во широки пантолони, а Christopher John Rogers докажа дека оваа комбинација може да биде и свечен вечерен изглед.

На Париската модна недела бевме сведоци дека овој тренд не е ограничен само на жените, туку е стил во кој можат да уживаат сите луѓе без разлика на родовата припадност. Па така, машките колекции вклучуваа комбинации од тесни маици впикани во предимензионирани фармерки и широки класични пантолони.

Доколку сакате да му дадете шанса на овој тренд, во прилог погледнете н еколку фотографии што можеби ќе ја инспирираат вашата следна комбинација за излегување.

Фото: Pinterest

 

Објавено:
21 јули 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
242 пати