Ако Ви е дозволен џинс во деловниот кодекс, еве како да го комбинирате

27 мај 2019

Доколку работите во креативната индустрија или едноставно деловниот кодекс на Вашето работно место дозволува да носите џинс, тогаш посветете внимание на тоа каков модел на џинс ќе носите и како ќе го комбинирате.

Премногу тесни модели или такви со искинати парчиња, моралната етика не дозволува, кога е во прашање деловен изглед.

Но, за сметка на тоа, последнве неколку сезони повторно се актуелни ретро моделите на џинс со висок струк и со полежерни кроеви, што лесно може да ги имплементираме во впечатлив деловен аутфит.
Овој модел лесно може да се трансформира од лежерен во деловен изглед, во зависност од тоа со што ќе го комбинирате.

Наша препорака е да го комбинирате со свилени кошули, монохроматски или такви со впечатливи принтови, со едноставна маичка и блејзер, при што акцентот може да биде на дезенот на блејзерот или пак фокус да ставите на модните додатоци, како што се марамите околу врат или суптилниот накит.

Издвоивме неколку инспиративни идеи во продолжение.

Фото: Пинтерест

Објавено:
27 мај 2019
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
2.396 пати