Првите пролетни денови се совршен тајминг за шопинг, а доколку сѐ уште не сте го направиле тоа, ние имаме уште едно парче што би сакале да го додадете на вашата листа.

Знаеме дека искинатите фармерки се огромен хит и сигурно веќе имате еден чифт во плакарот, но она што е вистински must have оваа сезона се токму таквите во бела боја.

Прекрасната Алесандра Амбросио е меѓу оние девојки кои веќе му посакаа добредојде на овој тренд, а истите таа успешно ги комбинира со едноставна бела маичка и долг џемпер на пруги.

Пролетта е совршено време да ја разбудите инспирацијата за стилски комбинации, па така овој модел можете да го комбинирате со што и да посакате со оглед на тоа што основата секогаш е бела.

Носете го во секоја пригода кога сметате дека е соодветно, а што се однесува до обувките, комбинирајте ги со високи сандали со ремчиња, ниски балетанки, бели патики или едноставни и стилски потпетици.

Објавено:
1 април 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
5.591 пати