Ова се фармерките на сезоната за кои има долга листа на чекање!

30 јули 2014

Бидејќи неколку пати пишувавме за тоа дека оваа сезона вистински хит се искинатите фармерки, сега излезе вистинскиот и совршен модел по кој полудеа светските трендсетерки!

Она што е особено интересно е дека токму за овој модел на фармерки има и листа на чекање, како што тоа многупати е случај со тренди парчињата што одбележуваат некоја сезона.

Овојпат, фармерките се дело на брендот RE/DUN од Лос Анџелес, кој овојпат на трендсетерките во едно уникатно парче им го спакува она што најмногу го сакаат оваа сезона – совршени искинати фармерки со винтиџ нота и одличен крој!

Меѓу познатите дами кои што се воодушевија од овој модел на фармерки е и прекрасната бразилска манекенка Алесандра Амбросио која во својот плакар веќе има неколку чифта од истите и секогаш одлично ги комбинира.

Најинтересното е тоа што овие фармерки се создадени од винтиџ тексас собиран по разни second hand продавници и пазари. На крајот, сите стари собрани тексас парчиња биле обновени и претворени во два одлични модели на фармерки што брендот ги нуди по цена од 220 долари во сите продавници.

И за двата модели веќе со денови има листа на чекање која што постојано се зголемува. Оние кои што досега успеале да си купат по еден чифт, велат дека не се одвојуваат од нив и дека тие се совршеното парче за комбинирање!

Објавено:
30 јули 2014
Категорија: 
Тренд