Во мода се крпени фармерки

16 јули 2013

Искинатите фармерки веќе неколку години се актуелни, па доколку сакате да бидете во тренд, земете ги своите стари фармерки , направете неколку дупки, и ќе си добиете ново и модерно парче облека. Фармерките во други бои како и избелениот џинс се исто така еден од трендовите за оваа сезона. Можете и сами да си ги избелите омилените фармерки, потопете ги во варикина, оставете ги да постојат и добивте сосема нов и шик модел.

 

 

Фармерките можат да ви послужат како одлична основа за вметнување на апликации, нитни или парчиња џинс во различни бои, во вид на крпеници. Само небото е граница кога е вашата креативност е во прашање. Мозаикот од крпеници ќе направи да добиете уникатен модел на фармерки, а ќе ја разбуди и вашата модна фантазија.

 

 

Уште од 19 век кога беа скроени првиот модел на фармерки, тие прераснаа во вонвременско модно парче. Секоја сезона под влијание на актуелните трендови, доживуваат промени во кројот,бојата или видот на материјал од кој се направени, но нивното присуство е константно на модните писти, а имаме силни причини да веруваме дека така и ќе остане уште долго време. Предизвик за дизајнерите е да експериментираат со ова практично парче облека, па затоа постојано го надградуваат со нови детали, должини, ширини, кроеви, тонови....

 

 

Продолжете го животниот век на вашите фармерки. За да ја зачувате бојата перете ги на најниска температура, користејќи притоа бебешки шампон, а ако веќе ги ставате во машина за перење, секогаш перете ги од опачината, за да го заштитите џинсот од оштетување.

 

Објавено:
16 јули 2013
Категорија: 
Тренд