Десет модели капути кои ќе ја одбележат претстојната сезона

21 август 2013

И додека летната еуфорија полека стивнува,а зимската зазема стартна позиција, модните дизајнери не одмораат. Нивните есенски колекции одамна се спремни  и пуштени во продажба. Ние решивме да направиме селекција на најдобрите модели капути кои ќе ја одбележат студената сезона.

 

j-crew

 

Витална флексибилност, капут кој можете да го комбинирате и преку ден, но совршено ќе се вклопи и во вашиот вечерен изглед.

 

Pure

 

Квалитетот е важен во изборот на капут. Земете в предвид дека тој треба да биде и удобен, топол и да има совршена линија која ќе биде во идеална хармонија со вашата фигура.

 

Zara

 

Капути со принтови, за некого звучи застрашувачки, но доколку се одлучите за вистинскиот дезен и боја, може да изгледате класично, едноставно и елегантно.

 

Topshop

 

Изборот на капут, во живописна, пастелна нијанса може навистина да ви ја обои тмурната зима. Бидете храбри и направете ваков смел чекор.

 

Pringle

 

Капут во војнички стил, тренд кој се враќа од година во година. Како и да е овој модел би им одговарал на сите оние кои сакаат чисти линии, рамни контури и во себе носат спортски дух зачинет со многу женственост и елеганција.

 

m-and-s

 

Бледо розовата боја е дефинитивно тон кој ќе ја одбележи зимата. Зара, Дебенхамс и Маркс и Спенсер се решија за розовата нијанса и не погрешија. Многу отмено и дамски.

 

Hobbs

 

Големината е важна, кога се работи за избор на капут. Сепак избегнувајте ги предимензионираните модели бидејќи на тој начин изгледате како на себе да носите вреќа, а не палто.

 

Barbour

 

Твидот послужи како основа на многу дизајнери, за изработка на капути. Сигурна и модерна варијанта, која од година во година е се пософистицирана.

 

Chloe

 

Капут без јака. Хит за оваа сезона, особено откако се појавија јаките кои се изработени од секакви материјали и ткаенини со многу украсни парчиња накит.
Одличен начин секој ден да понудите различна визија на вашето зимско капутче.

 

Gap

 

Колор блокот како алтернатива се наметна мината сезона, а се задржа и за претстојнава. Експериментирањето со неколку бои знае да биде мошне интересно, а ако на тоа ги додадеме геометриските форми, се создава илузија на совршена женска силуета. Ако одберете токму ваков модел ќе бидете ем модерни, ем комфорни, ем згодни.

Објавено:
21 август 2013
Категорија: 
Тренд