Доминација на белите капути

31 октомври 2014

Белиот капут дава доза на гламурозност во изгледот и токму затоа е избор на сите припаднички на понежниот пол, кои негуваат префинет и софистициран изглед. Во него ќе изгледате како дама од високо општество или пак успешна деловна жена, која со ова парче ја разбива монотонијата на сивилото. Без разлика дали ќе одберете долг или краток капут во било која форма и крој, во комбинација со темни очила за сонце и долги ракавици е секогаш перфектна комбинација за совршен стајлинг.

 


Покрај ретро изгледот, белиот капут совршено се комбинира и за кежуал изгледи и тоа со фармерки, бел или црн џемпер или кошула, а во зависност од тоа дали се работи за дневен или вечерен изглед, одберете салонки на висока потпетица или „оксфордки“. Доколку сепак предност и давате на елеганцијата, одберете бел капут со крзно со должина до колена и комбинирајте го со фустан и чевли. Во продолжение, погледнете ја галеријата и одберете го вашиот омилен модел на бел капут.

Објавено:
31 октомври 2014
Категорија: 
Тренд