Ако порано беше класично парче од машкиот гардеробер, а жените најчесто го стилизираа во деловни комбинации, во современата мода блејзерот има универзален карактер со свое место во речиси секое стилско издание.
Подеднакво често ќе го сретнете и во уличната мода и во корпоративниот свет, а тоа се должи пред се на неговата флексибилност лесно да се трансформира и да се вклопи во сечија стилска замисла.
Пред нас е сезоната кога потенцијалот на блејзерот максимално го користиме. Го носиме на работа, го комбинираме во слоевити миксови со џинс или мантил, го стилизираме и во свечени и несекојдневни прилики.
Со оглед на тоа дека секогаш има некоја нова идеја плус како да му дадеме нов стилски израз, во продолжение ве инспирираме со 10 начини како да го имплементирате омилениот блејзер во вашиот есенски имиџ.
Блејзер + слип фустан
Блејзер + џинс
Блејзер + здолниште
Блејзер во сет со елегантни панталони
Блејзер + мини шорцеви
Блејзер стилизиран со ремен околу струкот
Блејзер со краток топ и панталони со висок струк
Блејзер + килоти
Блејзер + кошула на пруги
Блејзер + елегантни панталони