Егзотичен и практичен сафари-стил
•
11 мај 2013
Егзотичен, а истовремено и лесен за да се вклопи во нашиот секојдневен живот, сафари-стилот е еден од најфорсираните кај урбаните девојки и жени. Карактеристично за овој стил се природните материјали како лен и памук, како и природната палета на бои: бела, беж, зелена и боја на слонова коска. Поради практичноста, овој стил најчесто се приметува кај туристите, но истиот е имплементиран и во модерната „градска џунгла”.