Еротичен гламур, тренд на долна облека за наредната студена сезона

27 јануари 2014

Модните случувања во француската престолнина никако да стивнат. Месецов, градот на светлината, Париз едноставно пулсира во модниот ритам. Во тек е Меѓународниот саем за долна облека кој се одржува секоја година од 25-27 јануари и ги открива новите главни трендови за наредната есен-зима 2015 година. Од приложеното до сега, заклучокот е дека наредната студена сезона ќе биде една од најжешките досега.

 

 

Еротски гламур ќе биде водечката нишка со која ќе се одликуваат колекциите за сезоната есен-зима 2015. Се чини дека повеќето брендови го усвоија ова како инспиративен индикатор и изработија модели кои се секси, суптилно оружје со кое жените ќе го користат за да ги заведат мажите во студените ноќи. Меѓутоа границата сето ова да премине кон вулгарен порно изглед е мошне тенка. Затоа додека дел од брендовите застануваат кај заведувањето, другите веќе ја надминуваат границата на еротиката. Она на што треба да се фокусира секој дизајнер во креирањето на долната облека е да направи жената да изгледа мистериозно и кога е минимално облечена. Акцентот треба да биде ставен на градите, вратот и грбот.

 

 

Како пример се посочува девојката со најтенка половина Дита Фон Тис која со години наназад го негува еротскиот гламур во својот стил. Совршено извајани форми и облици на модели кои преминуваат во секси креации, но со ултра рафиниран стил. Оваа тенденција беше земена како инспиративна визија за креирање на една софистицирана колекција на долна облека од страна на етикетата „Belle en Cavale“, кои решија тантелата, сатенот и бисерите да бидат главни одлики за нивната нова линија насловена Гејша.

 

 

Она што е добро за оваа нова колекција е дека жените не мора да одбираат помеѓу комфорен или секси модел, бидејќи оваа етикета креира парчиња кои можат да ги носат и жените со вишок килограми.

 

 

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Тренд