Фармерки што ќе го наполнат вашиот телефон!

18 август 2015

Фармерки што ќе го наполнат вашиот телефон? Да, сега и тоа го има! Ако некогаш сте посакале да имате фармерки што супер ќе ви стојат, а истовремено и да ви го наполнат телефонот, сега тоа е возможно!

Новата колекција на Joe’s Jeans на сите девојки им нуди стилски, тесни фармерки во четири варијанти од најтемна црна, па сѐ до модерна сина боја.

Фармерките имаат скриен џеб во задниот дел каде можете да го ставите мобилниот и да се полни без проблем.

Во линијата кај ременот, има уште потенок џеб каде се става батеријата која го полни вашиот мобилен телефон кој пак може да го сместите во другиот џеб, веднаш под батеријата.

Ова е одличен начин да уживате во текот на целиот ден во бенефитите што ги нуди вашиот мобилен телефон, без да ви снема батерија.

Објавено:
18 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
823 пати