Фенси патики од „Долче и Габана“
•
24 август 2016
Модното дуо Доменико Долче и Стефано Габана неодамна ја завршија линијата патики, предводена од два нови модела за актуелната сезона.
Ако сте љубител на удобни обувки, функционални, со интензивни бои и детали, тогаш несомнено ќе ви се допадне најновото од оваа модна куќа.
Имено, новите модели се инспирирани и го носат името на два познати острови во Италија – Ибица и Капри. Патиките се направени во најсветли неон нијанси, а на оваа колекција ѝ претходат двата модела – Портофино и Лондон.
Сепак, од модната куќа веруваат дека овие нови патики ќе имаат поголема популарност. За оние што можат да си дозволат, веќе се достапни во продавниците и онлајн, а цената им се движи од 395 евра до 895 евра.
Како ви се допаѓаат?