Геометриските принтови на машките палта за идната сезона

1 април 2014

Дизајнерите на глобалната модна сцена, визионерски пристапувајќи им на тенденциите во машката мода за идната зимска сезона предвидоа разиграни и колоритни принтови, па дури и во машкиот свет. Особено беа впечатливи принтовите игри аплицирани на машките палта, мантили и јакни.

Посебно внимание привлекоа оние од колекциите на Александар Меквин и Валентино кои внесоа свежина во стандардниот лежерен изглед на ова модно парче, а тука се и креациите на Версаче, Салваторе Ферагамо и други модни куќи. Разните форми на геометриски принтови и експериментирањето со богатата колор карта.

Бидејќи палтата се задолжително модно парче во текот на зимската сезона, одберете модел кој покрај тоа што ќе ја задржи својата основна функција и ќе ве стопли, истовремено ќе се прилагоди на вашиот имиџ и соодветно ќе може да се комплетира со останатите парчиња од вашиот гардеробер.

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Тренд