Get the Look: Кожено здолниште со висок струк + краток кардиган + марама

10 март 2021

Променливото време ни прави мала збрка во гардероберот, затоа што треба да ги обединиме и зимските и пролетните парчиња.

Имајќи го ова на ум, посегнавме по парчиња и од пролетната и од зимската колекција на домашниот бренд Елена Лука и направивме комбинација која совршено ќе се вклопи во овој преоден период.

Здолниште: 1.800 денари;  Кардиган: 1.470 денари; Чизми: 2.560 денари;  Чанта: 900 денари; Свилен шал: 1.100 денари; 

 

Нашиот предлог е црно тесно здолниште со висок струк. Ременот дополнително го истакнува, а патентот во предниот дел му дава секси нота, која ќе се согласите е потребно да се нагласи од време на време.

Го комбинираме со краток син кардиган. Ова парче е апсолутен тренд сезонава, удобно и пријатно парче за носење, кое во предниот дел има копчиња и карнери кои му даваат пак романтична нота и ја „омекнуваат“ силната естетика на здолништето.

На тоа додаваме чизми до глужд, црни со нитни и неколку модни додатоци - свилена марама, односно шал во сино-црвена комбинација, кој ќе го освежи стајлингот и мала црна чанта

Комбинацијата можете да ја купите на онлајн продавницата на брендот, како и во салоните во ГТЦ (на прв кат) и населба Аеродром.

Објавено:
10 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
313 пати