Го носеа Алија, Кристина Агилера и Џеј Ло: Модниот додаток кој се враќа во гардероберот

7 мај 2021

Се сеќавате дека Џенифер Лопез во спотот за песната Love Don't Cost a Thing, го трга од себе сиот накит па го фрла на плажата. Меѓу парчињата е и златното синџирче за струк, кое денес е исклучително популарен моден додаток.

Оваа пролет ги враќаме синџирчињата за околу струк кои на времето ги носеа најпознатите ѕвезди: Кристина Агилера, Бритни, Алија, Парис Хилтон, а денес ги најавија Версаче, Гучи и Шанел.

Како да го носите?

Синџирчето нема класична улога на ремен, бидејќи не треба да ги стегне и задржи панталоните или здолништето. Неговата намена е украсна, па можете да го носите на фармерки или на фустан, најсигурно во претежно монохроматски комбинации. 

 

Објавено:
7 мај 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
773 пати