Хеланките во последните неколку години се претворија во тренди парче што може да се забележи дури и на црвениот тепих.
Порано беше незамисливо да се видат хеланки како дел од тренди комбинација за вечерно излегување и нивната примена беше најчесто во домашни услови или за време на спортски тренинг.
Денес хеланките се стилизираат со секакви модни парчиња, како долги кардигани, џемпери па сè до мокасини и чизми. На ова само додадете капут или пуфер јакна и имате тренди изглед.
Она што е важно кај хеланките е да одберете добар квалитет. Избегнете ги оние што изгледаат како дел од пижами и не купувајте тенки и проѕирни хеланки.
Ги препорачуваме оние со висок струк, а можат да дојдат во предвид и одредени детали како патенти на долниот дел.
За следбениците на минималистичкиот стил тука се неутралните тонови и едноставните модели.
Доколку пак сакате повпечатливи комбинации одберете хеланки со дезен.
Фото: Pinterest