Во лето обожуваме да носиме бела облека од глава до пети. А таквиот монохроматски аутфит совршено се комбинира со детали во златна боја.
Уште една предност на оваа комбинација е тоа што во својот стил може да ја имплементираат жени од различни генерации, одлично прилега и на жени во 30-те и на дами во своите 50-ти години.
Белиот комбинезон на прерамки надополнете го со суптилен накит во златна варијанта, кошула-фустанот комбинирајте го со масивен рачен часовник, а повеќеслојниот деловен костум во монохроматска бела варијанта надополнете го со комбинација на златни прстени и обетки.
Модните блогерки пак оваа комбинација ја надополнуваат со популарните плетени чанти налик на кошница и сламен шешир со натпис.
Неколку инспиративни идеи ви предлагаме во галеријата во продолжение.