Септември - месецот во кој посакуваме летото да трае уште малку, а сепак љубопитно ја очекуваме есента и си велиме: „Па, добро, сакам да ги облечам и омилените чевли и чизми до глужд“.
Ние одбравме 30 предлози за инспирација за убаво сончево време кое не не' напушта се' уште, но исто така одбравме и по некој слоевит, за првите вистински есенски денови.
Погледнете, се надеваме дека меѓу нив ќе наидете на идеи за тоа како да ги комбинирате парчињата од вашиот гардеробер:
макси кошула-фустан + топ од кожа
широк џинс + широка кошуал
шорц + маица + блејзер
карирани панталони + карирана кошула
панталони со принт + плетена блуза
црн мини фустан со ракави + шешир
џинс + шриока волуменозна кратка јакна
панталони со висок струк + кошула со светки
миди здолниште + кардиган
плетен фустан со дезен и нагласени ракави
спортски карирани панталони + плетена блуза
тексас комбинезон + кошула
плетен комплет + високи потпетици
миди тесно здолниште + блуза
елегантен кошула-фустан што се врзува во панделка
сатенско здолниште + маичка со тантела + блејзер
карирано одело + маица со принт
кошула-фустан со кожен корсетски ремен
широко здолниште + маица + блејзер
тесни панталони + џемпер
тлетен тесен фустан + тексасна јакна
класични панталони + маица со кратки ракави
триделно одело со паспули
светкав фустан со карнери
широк фустан со ракави + патики
панталони во боја + маица + блејзер со принт
здолниште со принт + плетена широка блуза
мини цветно здолниште + маица + кратка јакна од велур
широки црни панталони + маица + кариран мантил
краток шорц + маица + врзама блуза