Инстаграм стил: Роси Хантингтон Вајтли може на себе да носи сѐ, но сепак бира елеганција

7 април 2022

Ретко кога нешто не ѝ стои добро на Роси Хантингтон Вајтли. Со оглед на тоа дека важи за една од најбараните и најубавите манекенки, може навистина на себе да облече што сака – но, таа сепак бира елеганција и минимализам.

Нејзиниот имиџ би го посочиле како пример за тоа колку софистицираноста знае да биде едноставна, а сепак впечатлива.

Чисти линии и кроеви, неутрална палета на бои и фантастични материјали – ова се трите клучни карактеристики што би го опишале нејзиниот стил.

Белата кошула е задолжително и базично парче во нејзиниот плакар, а тука би ги надополниле и широките панталони со висок струк.

Понекогаш бира и повпечатлив накит и црвен кармин, и сето тоа е сосема доволно за да биде во центарот на вниманието.

Ако барате идеја како да додадете нота на елеганција и чистина на минимализам во вашиот стил, инспирирајте се од нејзиниот Инстаграм профил.

Објавено:
7 април 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.001 пати
Тагови: 
Инстаграм стил