Како да ги носите пролетните трендови?

20 јануари 2014

Светските дизајнери за следната пролет наметнаа многу интересни трендови поради кои едвај ја чекаме топлата сезона. На веќе постоечките омилени наши парчиња им дадоа нова димензија како што тоа го стори Диор со јаките.

Во нивните колекции за сезоната пролет/лето 2014 тие понудија нешто што можеби досега беше видено, но на сосема поинаков и тренди начин. Фустаните со реси што биле едни од омилените на нашите мајки можеби, сега се повторно ин и очекуваме да бидат насекаде околу нас оваа пролет.

Доколку фустаните и блузичките со голи рамена ги зафрливте длабоко во вашиот плакар, сега е вистинското време да ги извадите, бидејќи следнава пролет ќе биде сезона на малку повеќе кожа.

Тантелата, особено онаа во бела боја, се очекува да ги мами погледите оваа пролет. Блузичките, фустаните, па дури и панталоните со тантела ќе бидат едни од омилените парчиња и можеби најчести во нашиот плакар.

Секако, кога на сето ова ќе ги додадете совршените додатоци за следната сезона, ќе бидете вистинската шик девојка на улиците на вашиот град.

Во продолжение во галеријата погледнете некои од најпосакуваните парчиња за пролет/лето 2014 и како да направите совршени комбинации со истите.

Објавено:
20 јануари 2014
Категорија: 
Тренд