Како комбинираме принт во деловни комбинации?

17 мај 2022

Со новите современи професии и полибералниот пристап генерално, деловниот свет станува порастеретен во однос на дрес-кодот на работното место.

Иако во одредени работни средини важат стандарди кои наметнуваат униформираност или пак стриктни опции, сепак генералната слика дозволува многу повеќе индивидуалност во деловниот имиџ.

Тоа секако не подразбира „било како" да се појавите на работа, одредени етички и естетски правила важат дури и кога не се пишани, но имате бројни можности како на еден префинет и елегантен начин да ја исктакнете вашата карактерност преку деловниот имиџ.

Една од сосема коректните опции е: принт.

Кога бирате принт во деловна комбинација, секогаш треба да внимавате на дозираноста. Да не го одвлекува до толку вниманието да би бил единствениот фокус на вас, туку да биде акцент преку кој ќе покажете моден став.

Дури и кога се работи за животински принт на пример, кој важи за ризичен и лесно може со него да ја преминете границата од вкус во невкус, сепак со умешно балансирање може да постигнете ефективен и софистициран изглед.

Може да одберете кошула со животнски принт и да ја комбинирате со елегантни панталони со висок струк и блејзер.

Наједноставно и најсигурно правило кога бирате принт, е остатокот од парчињата да бидат еднобојни.

Така на пример бела кошула во комбинација со ефективно здолниште со принт, може биде добитен избор. Или пак еднобојно дводелно одело, со впечатливи чевли со принт.

Некои принтови пак дозволуваат доминантност, а сепак во рамките на прифатливата деловна естетика. Така на пример миди фустан во црно-бел геометриски принт или пак кошула-фустан во риги, се одлична опција со која може да го освежите вашиот деловен изглед оваа пролет-лето сезона.

Покажете модна свесност и на работото место, во склад со себе, но и со допадливата деловна естетика.

 

Објавено:
17 мај 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
3.459 пати