Што да облечете денес?
•
17 јуни 2015
Денешниот стајлинг го посветуваме на една деловна летна комбинација. Покрај тоа што ќе изгледате како вистинска деловна жена и ќе се чувствувате убаво и удобно. Светлосините тесни панталони ги комбинираме со тенка кошула без ракави, со принт на точки. Со тоа ќе ја разиграте комбинацијата, која треба да има сериозна нота.
Жолтото палот е вистински избор за финиширање на изгледот, бидејќи е свежа и тренди боја. Токму во таа боја можат да бидат и чевлите на високи потпетици, а чантата може да се усклади со бојата на панталоните.
Кога е накитот во прашање, одберете нешто од понудените опции - немојте сите. За што и да се одлучите нека биде дискретно и со вкус. Сепак, се работи за деловна комбинација.