Нов хит принт

Кактуси, зашто цвеќињата се досадни!

7 август 2015

Цветните принтови се толку многу исфорсирани во модната индустрија, што веќе станаа досадни. Но, затоа свежина ќе внесат новите принтови со кактуси што се предвидуваат како нов хит за оваа година!

Иако засега само срамежливо се појавуваат на одредени парчиња облека и модни додатоци, симпатичните принтови со кактуси се најавуваат како иден тренд.

Брендот Асос што се смета за еден од главните прогнозери на трендови, во својата понуда има и неколку интересни парчиња со кактус принтови како кратки топови и шорцеви, патики, блузони итн.

Вие би се одлучиле за кактус или цвеќе?

 

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
987 пати