Крзнени задоволства за ИТ девојките!

19 ноември 2014

Доколку мислевте дека зимата е здодевно време, грешите! Со парчињата на новиот бренд во кој се вљубија сите ИТ девојки, студеното време не ви може ништо.

Покрај тоа што парчињата на одличните Shrimps се неверојатно стилски и урбани, тие се и удобни и тотално топли за зимските денови.

Највпечатливи од целата колекција на брендот се дефинитивно колоритните бунди што за многу кратко време станаа омилени меѓу трендсетерките, пишува Buro 24/7.

Покрај бундите, дел од стилските задоволства што доаѓаат од брендот се и слатките чанти и модните додатоци што се ИН оваа сезона, како крзнените парчиња за околу врат и приврзоците.

Сите модели од брендот се вистинско освежување на модната сцена, бидејќи истите се фантастична подлога за уникатни и сосема поинакви стајлинзи.

Со парчињата на Shrimps можете да направите неодолива дневна комбинација, но истото важи и за вечерните стајлинзи, кога едноставниот црн фустан може да го надополните единствено со колоритните бунди или пак со крзнените додатоци околу вратот.

Овие бунди од вештачко крзно уште еднаш го потврдуваат фактот дека модата може да биде неверојатно забавна, но праќаат и јасна порака за заштита на правата на животните. Оваа сезона, во нив уживаат трендсетерките како Алекса Чанг, Попи Делевињ, стилистката Кејти Фоли, моделот Тереза Оман и многу модни блогерки.

Колоритниот бренд е прилично нов на модната сцена. Истиот беше оформен оваа година од младата лондонска дизајнерка Хана Виланд. По завршувањето на модните студии во Лондон, Хана решила сета нејзина инспирација да ја претвори во уникатни парчиња што ќе бидат спој на хумор, бескрајна креативност и луда мода.

По само една година постоење, се чини дека Хана сосема успеа во замислата нејзините кул парчиња да ги носат некои од најголемите британски трендсетерки, а ние едногласно тврдиме дека нејзиното време допрва доаѓа!

Објавено:
19 ноември 2014
Категорија: 
Тренд