Лето во колоритни деловни комбинации

3 јули 2018

Помеѓу актуелната улична мода и летните трендови и целиот колорит попатно, наидовме на интересни, стилски идеи што може да ви послужат за вашиот летен деловен стајлинг.

Акцентот е на боите и лесните, природни материјали – и сите комбинации меѓу нив.

Доколку ви дозволува амбиентот на работното место, ова лето одберете неколку клучни парчиња во впечатливи бои и комбинирајте ги со парчиња во неутрални нијанси. Алтернатива на оваа идеја, е да направите комбинации на повеќе пастелни бои и да надополните со интересни модни додатоци.

Плисираните здолништа, кошулите со карнери, оделата со панталони со висок струк и блејзер – секогаш се добредојдени кога е во прашање деловниот стил – и секако ова лето ги носиме во свежи бои.

 

Објавено:
3 јули 2018
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
1.030 пати