Миди фустан – совршен избор за елегантни девојки

24 декември 2013

Миди фустанот веќе неколку сезони е идеално парче што со задоволство го одбира голем дел од женската популација. Главниот адут на ваквиот фустан е дефинитивно нагласената женственост.

На полиците низ бутиците можат да се најдат оние едноставните модели, во една боја и тоа најчесто во некоја неутрална бидејќи на тој начин е многу полесно да се комбинираат.

Полн погодок дефинитивно ќе биде миди фустан во сива или црна боја во комбинација со црни високи потпетици, впечатлив накит и моторџиска кожена јакна.

Ако на таквиот стајлинг во зимските денови му додадете и шапка во темно црвена боја, вашето присуство каде и да сте сигурно нема да остане незабележано.

Но, доколку таквите едноставни миди фустани ви се здодевни и сакате што е можно повеќе да го зачините вашиот изглед, предлагаме да одберете миди фустан со некој интересен принт.

Ваквата комбинација завршете ја со кралско сини потпетици и бундичка од вештачко крзно. На тој начин визуелно ќе ја издолжите фигурата и ќе постигнете неверојатна елеганција.

Доколку се уште не сте ја одбрале вистинската комбинација за новогодишната ноќ, одберете си некој од понудените миди - фустани во галеријата подолу.

Објавено:
24 декември 2013
Категорија: 
Тренд