Што да облечете денес?

11 јануари 2014

Со оглед на тоа што сè уште трае празничната еуфорија, ние веруваме дека не ви исчезна желбата за луда забава до раните утрински часови. Оваа сабота обидете се да ги договорите пријателките и заедно да отидете на некоја журка.

За дополнително да го зачините расположението, одберете тренди здолниште со леопард принт во комбинација со црна пеплум блузичка и ремен на половината. Комбинирајте ги со чизмички до глужд во беж боја за која знаеме дека секогаш е вистински погодок. Што се однесува до модните додатоци, бидете гламурозна, и оваа вечер ставете го вашиот омилен бисерен ѓердан во комбинација со бисерните обетки. Часовникот во златна боја дефинитивно не смеете да го изоставите. Чантичката нека биде во иста боја како и чизмите, за дополнително впечатлив изглед. Вака дотерани, танцувањето и шармирањето ви се загарантирани!

Објавено:
11 јануари 2014
Категорија: 
Тренд