Модни блогерки +40 нè инспирираат со фантастични комбинации

2 март 2018

Жените во својата средна доба од животот, сè почесто ги гледаме во светот на модното блогерство. Нивниот прецизно изграден стил се должи на нивното животно искуство, како заокружена фаза на дефинирањето на личниот стилски идентитет.

Токму затоа тие се храбри во изборот на парчиња, точно знаат каков тип на облека им одговара и наместо трендовите, го следат својот инстинкт.

Она што може да го резимираме, разгледувајќи ги модните блогови +40, е дека секоја од блогерките чии стилски комбинации ви ги презентираме во продолжение, носи своја автентична карактеристика како белег на нејзиниот имиџ, но во комбинација со некои актуелни тенденции совршено имплементирани во нивниот личен стил. Така секоја од комбинациите покрај тоа што е специфична и препознатлива за блогерката, истовремено е модерна и може да послужи како пример и инспирација независно на која генерација и припаѓате.

 

 

Објавено:
2 март 2018
Категорија: 
Sweet 40+
Прочитано:
2.802 пати