„Must havе“ Божиновски: Елегантен и софистициран часовник за уникатни дами!

21 октомври 2014

Искажете го сиот ваш сензибилитет со овој фантастичен и елегантен часовник од Божиновски од колекцијата Sensitive Lady на Swatch.

Совршената комбинација од црното кожено ремче и неодоливите златни моменти во рамките на централниот дел на часовникот се вистинската формула за елеганција и софистицираност.

Овој навидум едноставен, но толку уникатен часовник е совршениот партнер на ова кусо црно фустанче со елегантни бели јаки што ја содржи сета елеганција во себе.

Истото е дело на одличната Наталија Алавердијан и нејзиниот бренд A.W.A.K.E која секогаш знае да ги изненади обожавателките со младешка и свежа колекција.

Доколку во моментов сте во потрага по вистинскиот часовник што ќе ви овозможи безгрижни есенски денови, тогаш денеска е вашиот среќен ден!

Објавено:
21 октомври 2014
Категорија: 
Тренд