Тие се неверојатно практични и едноставни благодарение на нивната должина, а токму овие капутчиња ќе бидат совршен избор за секој ваш стајлинг оваа сезона.
Доколку пак имаат и дворедно закопчување, тогаш тие се вашето must have парче оваа зима.
Покрај тоа што се супер практични, можете да ги комбинирате буквално со сѐ, почнувајќи од фармерки со некое шик џемперче, па сѐ до вашиот омилен фустан за свечени пригоди.
Овој модел на капути за оваа зима, неодоливо ќе ве потсетат на вашите детски денови кога нашите мајки се чини ги обожуваа.
Одлично ќе изгледа и со вашите цветни фустанчиња доколку го негувате бохо стилот, а можете да ги вклопите и во вашите комбинации со џинс комбинезони.
Во продолжение, погледнете ја понудата на омилените high street брендови и погрижете се набрзо да си набавите еден за вас.