Направете место во гардероберот за најновата ѕвезда - џинс корсетот

5 август 2022

Иако љубителите на модата се чини дека се поделени во однос на ставовите околу ова парче облека, џинс корсетите упорно го пробиваат својот пат од модните писти кон рафовите во бутиците и вашите гардеробери.

Џинсот веќе стана неверојатен хит откако големите модни дизајнерски имиња како Diesel, Acne, Act n°1, Balenciaga, го најавија во сите можни варијанти за есен и зима, од фармерки, здолништа, чизми, јакни, кошули, па сè до минималистички парчиња како боди, а сега веќе и како корсети.

Ова модно парче може совршено да се искомбинира со фармерки или здолниште од џинс, како би се креирала една комплетна џинс комбинација, но исто така би изгледале одлично и во пар со сатенско здолниште или други парчиња облека изработени од поинаков материјал.

Фото: Pinterest

Фото: Pinterest

Во продолжение можете да погледнете неколку инспиративни примери за тоа како да го инкорпорирате џинс корсетот во вашата гардероба.

Фото: Pinterest

Објавено:
5 август 2022
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
380 пати