Моден фетиш: корсети

24 април 2013

 

Во модната историја секогаш постоеле силни инспиративни парчиња кои револуционерно го модифицирале изгледот на жената. Несомнено еден од таквите радикални моменти во модната индустрија се корсетите кои важеле за неизоставен дел од појавата на дамите од високите општествени слоеви во 16-от век, а денеска во една сосема модерна варијанта елегантно ја нагласуваат силуетата на современите жени.

 

 

 

 

Корсетот во својот моден развој претрпел многу промени. Во основа неговата специфична конструкција вклучува флексибилни материјали како волнена ткаенина или кожа, зацрврстени со костур. Во 19-от век челикот и рибината коска се фаворизирале во структурирањето на костурот, а перјестите коски од сплоснати парчиња од перја биле поефтина варијанта како замена за рибината коска.

 

 

Денеска најчесто се користи пластика како материјал за корсетите со мала тежина, додека еластичен или спирален челик се преферира за појаките корсети. Основната функција на корсетот е да ја нагласи линијата на женското тело, одвојувајќи ги градите од  колковите обезбедувајќи и на жената чувство на самодоверба и покрај понекогаш болното искуство.

 

 

Во различни периоди од годината актуелни се различни типови и дезени на корсети. Особено тренди овој период се кратките цветни корсети кои совршено се комбинираат со фармерки или здолниште со висок струк.

 


Објавено:
24 април 2013
Категорија: 
Стории