Корсетите се повторно „ин“

31 март 2021

Кралицата Летиција неодамна го привлече вниманието на модните медиуми со комбинација која вклучува црни класични панталони и пастелно розов корсет со пердуви во горниот дел, зад кој се потпишува брендот „the2ndskinco“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@prettygirl_skystyles)

 Тоа беше инспирација да го истакнеме корсетот како парче кое повторно се искачува на врвот на модните листи на трендови.

Ретроспективно гледано, во модната историја секогаш постоеле силни инспиративни парчиња кои револуционерно го модифицирале изгледот на жената. Несомнено еден од таквите радикални моменти во модната индустрија се корсетите кои важеле за неизоставен дел од појавата на дамите од високите општествени слоеви во 16-от век, а денеска во една сосема модерна варијанта елегантно ја нагласуваат силуетата на современите жени.

Корсетот во својот моден развој претрпел многу промени. Во основа неговата специфична конструкција вклучува флексибилни материјали како волнена ткаенина или кожа. Во 19-от век челикот и рибината коска се фаворизирале во структурирањето на костурот, а перјестите коски од сплоснати парчиња од перја биле поефтина варијанта како замена за рибината коска, додека денес најчесто се користи  пластика како материјал.

Сезони наназад беа популарни мини верзии на корсети, односно делови на шнирање за истакнување само на половината. Минатата година пак, мошне застапени беа плетените варијанти на ова култно модно парче.

Годинава пак, постојат разни варијанти на корсети кои се актуелни - од оние покрути, кои целото торзо го стегнуваат, до кратки корсети со нагласени корпи.

Постојат и таканаречени меки варијанти на корсети, каде кројот е тој што асоцира на корсет, но не и севкупната структура.

Актуелни се и оние кои на нагласуваат половината, а и делот под градите, чија цел веројатно е да се нагласи максимално женственоста и женските облини.

Ако сте љубител на таква естетика, веруваме дека и примерите во продолжение ќе ве инспирираат и кои се одличен показател дека ова парче кое едно време беше дел од луксузните креации, сега го најде своето место и во секојдневни комбинации.

Погледнете:

 

 

Објавено:
31 март 2021
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
630 пати
Тагови: 
корсет