Не се откажувајте од коженото здолниште,тоа е се уште популарно
•
19 септември 2013
Од ова парче облека не треба лесно да се откажувате. И коженото здолниште стана задолжителен дел од стилот на една жена која треба да го има во својот гардеробер. Моделите до колена во пастелни нијанси можете да ги носите и на работа, додека за излегување низ град комбинирајте ја со тексас кошула, а пак навечер со краток топ. Освен во класичните: црна, сива или кафена, изберете и вакво здолниште во јака црвена боја. Практичната страна на ова парче е тоа што можете да го носите и преку зима споено со дебели чорапи . Коженото здолниште стана облека што умее да има повеќе „лица“, а фотографиите ќе ви го потврдат она што погоре го споделивме со вас.