Парчињата со отворен грб се задолжителни во плакарот на секоја девојка, поради нивната неверојатна лежерност, но и суптилен сексапил со кој зрачат.
Без разлика дали се работи за фустани или маички со отворен грб, овие парчиња се одлични за комбинирање и совршени за одбрани пригоди.
Идеални се и за секојдневни прилики, доколку отворот не е многу впечатлив, во комбинација со некоја интересна чанта и соодветни чевли.
Ако се одлучите за маичка или кошулка со отворен грб, комбинирајте ја со едноставни фармерки со висок струк, патики или шик сандали и одбрани модни додатоци.
Бидете внимателни единствено со изборот на градник за да не изгледа невкусно и уживајте во предностите што ги нудат овие фантастични парчиња.
Извор и фото: Modamo.info