Облека со реси - микро тренд за ова лето
•
4 мај 2023
Ресите можат да се најдат на облеката, на разни модни додатоци, на перници, постелнина, завеси...
Како дел од стајлингот најголема популарност достигнуваат во 70-те години, а сме ги гледале, на чизми, јакни и секако на летни фустани и здолништа.
Се смета дека за прв пат се носеле во древна Месопотамија, а особено се популарни кога доаѓа лето.
View this post on Instagram
Како можете да ги комбинирате?
Една од најчестите комбинации е топ со реси заедно со ленени панталони или шорцеви. Летните фустани одлично одат со рамни сандали, балетанки и останати модни додатоци.
Покрај дење, облека со реси може да носите и во вечерна комбинација, само додадете високи потпетици.
Фото: Pinterest