Класиката останува секогаш за да сведочи пред минливите трендови за безвременост.
Ако се „нурнете" во плакарот на вашите баби или мајки ќе наидете на многу такви парчиња за кои времето не постои како димензија, и како квалитет и како естетика.
И меѓу таквите, капутот со дезен „рибина коска" важи за величествена класика.
Делува отмено, а носи и една нота на дамска елеганција, па лесно може да нѐ шармира независно каков е нашиот личен стил или на која генерација ѝ припаѓаме.
Оваа зима капутот со дезен „рибина коска" е честа глетка во уличната мода. Особено популарни се оние модели во пошироки кроеви, кои се идеални за комбинирање со топли и дебели плетенини или пак со деловни аутфити што вклучуваат сако или блејзер.
Како го носиме овој популарен капут зимава, низ неколку стилски примери...
Фото: Пинтерест