Оделата се вистински моден хит на црвените килими

30 октомври 2014

Во период кога на модната сцена нема иновации во однос на модните трендови, дамите кои обожаваат да експериментираат со стилот, вниманието го насочија кон андрогената мода, па инспирацијата почнаа да ја бараат во машките гардеробери. Машките одела се универзална класика, а со мала промена може да еволуираат во ултимативно женствено парче.

Наместо гламурозни фустани, познатите дами одбраа на црвените килими да се појават во одела, докажувајќи дека кројот и добриот стил се од голема важност.  Стајлинзите на Викторија Бекам, Линда Евангелиста, Хилари Свонк, Никол Ричи и Еми Росум оставаат убав впечаток со доза сензуалност, која е комплетирана со тренди салонки и златен накит.

Објавено:
30 октомври 2014
Категорија: 
Тренд