Ова се најдобрите парчиња со принт од зебра
•
4 ноември 2013
Модниот свет покажа огромна љубов кон животинските принтови оваа сезона. Меѓу омилените на трендсетерките се парчињата со принт од леопард, паун и други животни, но последен во низата принтови се издвои и оној зебрастиот.
Додека сите други споменати принтови и не се некаква новина во модниот свет, зебрастиот принт е дефинитивно освежување и добра промена.
На вас останува дали ќе се одлучите за некој фустан со принт од зебра, здолниште, кошула или пак некое шик палто или капут што во моментов е тотално ин.
Во галеријата погледнете некои од најдобрите парчиња со принт од зебра и направете си некоја ваша комбинација.