Оваа сезона задолжително набавете си мини здолниште

7 ноември 2013

Со должина нешто над колената, здолништата оваа сезона се задолжителни за сите оние кои сакаат да внесат доза сексапил во изгледот. Сепак, тоа да не изгледа вулгарно, туку софистицирано.

Бидејќи гранџ и рок стилот се ин, ние ви препорачуваме да си набавите барем едно здолниште од еко кожа или пак карирано здолниште кое лесно ќе може да го искомбинирате со чизми,  маица со интересен принт и предимензионално сако. За сите оние кои сакаат малку поелегантен изглед, препорачуваме чевли на висока потпетица и кошула. Секако не заборавајте изгледот да го збогатите со интересни модни додатоци.

 

Објавено:
7 ноември 2013
Категорија: 
Тренд