Овој фустан ги менува боите!

1 декември 2016

Технологијата прави чуда. Ако некогаш жените само фантазирале за фустан што ќе ги менува боите во зависност од нивните потреби за идеално комбинирање со чевлите, чантата или другите модни додатоци, сега нивната фантазија станува реалност токму благодарение на технолошкиот прогрес.

Имено, се работи за фустан изработен од специјална ткаенина која може да рефлектира различни фрекфенции светлина, а е поврзана со уред што испраќа сигнали и на тој принцип се менува светлината.

Се што треба да се направи е на вашиот iPad во специјализираната програма да ја одберете бојата што би сакале да се рефлектира на вашиот фустан и го добивате токму во таа варијанта.

За се да ви биде појасно, погледнете го видеото во продолжение.

Објавено:
1 декември 2016
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
282 пати