Пинтерест предвидува: Кои ќе бидат најпопуларни трендови во 2021?

16 декември 2020

Уште неколку денови ставаме точка на, во многу наврати, нетипичната 2020 година. Тоа подразбира, не само сумирање на впечатоците од годината во заминување, туку и нов поглед на годината што е пред нас.

Во моден контекст, тоа значи и бројни прогнози што на моден план може да очекуваме од 2021 година.
Последниве години, социјалните мрежи се наметнаа како битен фактор што има значајна улога во диктирање на трендовите.

Пинтерест не само што не треба да се занемари, туку и сериозно треба да се земе предвид со неговите предвидувања што во моден контекст може да очекуваме претстојната година, со оглед на тоа дека милиони корисници секојдневно пребаруваат одредена модна терминологија.
Токму врз основа на таквите пребарувања, Пинтерест веќе има своја прогноза какви тенденции може да очекуваме во 2021.

Со оглед на тоа дека годинава сите се повлековме во посмирен животен амбиент, далеку од гласни случувања и настани, се наметна и едно полежерно чувство кон модата и стил во кој главна и водечка референца е лежереноста и удобноста.

Па како вели Пинтерест, со такво темпо ќе продолжиме и идната година: лежерен и опуштен стил, спортска естетика и персонализација. Ова се трите клучни референци кои според Пинтерест ќе ја диктираат модата во 2021.

Според ова предвидување, направивме и селекција како ќе изгледа следната година облечена во тенденциите предвидени од Пинтерест.

 

Објавено:
16 декември 2020
Категорија: 
Тренд
Прочитано:
8.273 пати