Раскопчана кошула од половината надоле е новиот ултимативен тренд

6 август 2014

Сите ние поседуваме класична кошула во нашиот гардеробер, па токму затоа се случува да бараме сосема нов начин на кој може да ја носиме.  Оваа сезона решение  понудија Александар Ванг и Родарте, односно тренд кој ги воодушеви модите блогерки ширум светот, а ни нас не остави рамнодушни.

По примерот од моделите на Манго кои по писта прошетаа со кошули закопчани само на самиот врв, модните трендсетери решија да се водат од својата креативност и да покажат мал дел од стомакот во разни комбинации. Ваквиот тренд се препорачува со носење на широк модел кошула кој одлично ќе се вклопи со кратки панталони, шорцеви, здолништа и тесни фармерки. Секако за крај не заборавајте да го „украсите“ изгледот со впечатлив избор на модни додатоци, како што се чантите, очилата за сонце и сандалите.

Објавено:
6 август 2014
Категорија: 
Тренд