Нема да погрешите доколку оваа пролет направите неколку комбинации на сако со фустан, што во секоја прилика ќе ви бидат „при рака".
Оваа „универзална" комбинација е сигурен, што не значи и досаден избор.
Напротив, бројните можности за комбинирање ќе ви дозволат преку оваа комбинација да го изразите вашиот личен стил, со соодветниот спој на дезени, материјали, принтови и детали.
При зборот на сако секогаш имајте во предвид да биде со пошироки ракави, доколку го носите врз фустан, особено ако фустанот има кратки ракави.
Иако во деловниот свет постои непишано правило да се комбинира сако со фустан во иста нијанса, секогаш може да направите отстапка со правилен избор на бои, кроеви и секако исклучитечлно значајните ткаенини.
Со оглед на тоа што пролетните тенденции пред нас отвараат широки можности кога е во прашање колоритот, комбинацијата на сако со фустан може да ја разиграте во колор блок варијанта, со спој на две интензивни бои или пак комбинација на пастелни нијанси.
Доколку фустанот е еднобоен во симплифициран крој, тогаш охрабрете се сакото што ќе го одберете да биде впечатливо, со интересен принт, везови или пак во пачворк варијанта.
Одбарвме неколку стилски комбинации од уличната мода што вклучуваат спој на сако со фустан, како допилнителна мотивација.