Доколку постои едно модно парче без кое не може да се замисли летото, тоа е мини фустанот. Безброј стилови, кроеви, различни бои и дезени...изборот е бесконечен. Вљубениците на ова парче облека неретко во својот гардеробер имаат повеќе различни фаријации на мини фустанот, а секоја од нив е пригодна за различна прилика.
Мини фустаните се одлични доколку сакате да ја истакнете вашата фигура, да постигнете ефективен изглед и да привлечете внимание на себе, без разлика на тоа дали ќе се одлучите за едноставен ленен краток фустан, колоритна памучна верзија во впечатливи летни бои, или пак ги преферирате моделите за вечерно излегување.
Овие последниве се особен летен фаворит, и тука се вбројува класичниот мал црн фустан; романтичното сатенско слип фустанче; кроевите кои се прилепуваат за телото и ги истакнуваат облините или пак слатко-романтичниот модел, тесен во половината кој се шири надолу. Без разлика дали ќе одберете фустанче со тенки прерамки, волуменозни ракавчиња или пак без прерамки воопшто, без разлика дали ќе се одлучите за карнери или без карнери, еднобојна, двобојна опција или пак бујно шаренило, мини фустанот ќе има неверојатна моќ да го трансформира вашиот изглед од симпатично лежерен во заводливо романтичен.
Покрај тоа, не постои ограничување во однос на комбинацијата со модни детали и чевли. Платнени патики, сандали, балетанки, високи потпетици, летни чизми, еспадрили...вратите ви се ширум отворени. Ваше е само да одлучите дали сакате да постигнете спортски, едноставен и секојдневен изглед, или пак целта ви е елегантен, свечен и луксузен изглед.
Доколку ви е потребна инспирација, разгледајте ја нашата галерија во продолжение.
Фото: Pinterest