Што да облечете денес?
•
21 февруари 2014
Денешниот предлог е лежерна дневна комбинација од маслинаста нијанса на миди фустанче во спој со кратка црна јакна со нагласена половина која помалку има рокерски примеси. Бидејќи денес е петок, ден пред викенд, оваа комбинација е лесно компактна и за вечерно излегување, па така можете да ја модифицирате со тоа што наместо чизмите до глужд ќе облечете салонки, а чантата ќе биде во плик форма. Имајте убав ден!