Што да облечете денес

30 септември 2013

Работната недела започнете ја со комбинација во топли земјени нијанси. Направете избор од повеќе парчиња облека: со оглед на променливото време имајте ја во предвид опцијата есенска кожена јакна со нагласен струк под која ќе наѕирка транспарентен топ, а за долниот дел може да одберете фармерки во посветла нијанса и високи чизми. Од аксесоари овој период особено може да обрнете внимание на марамите со различни дезени, а за очилата за сонце нема потреба да нагласуваме дека се задолжителен моден додаток во секој период од годината.

Објавено:
30 септември 2013
Категорија: 
Тренд