Среда во жолто фустанче и кожена јакна
•
27 јуни 2018
Со оглед на променливото време и малку пониските температури деновиве, ние денеска ви предлагаме комбинација која вклучува слоевитост.
Во фокусот ни е лежерно фустанче со долги ракави, во актуелна жолта нијанса. Во предниот средишен ден, има веззени апликации, а истите се аплицирани и на ракавите и долниот раб на фустанот.
Го комбинираме со кратка кожена јакна, со пантент на страна.
Комбинацијата ја заокружуваме со балетанки, очила за сонце и ранче во слична нијанса со фустанот.
Иако го нема на фотографијата, од дома не излегувајте без чадор.
Ви посакуваме убав ден!