Што да облечете денес?

2 април 2014

Драги наши девојки, нашата предлог комбинација за денес е монохроматска во рокерски фазон. Она што ви е потребно како основа,  е црната кожена мото јакна за која веруваме дека речиси сите ја поседувате. Под неа облечете спортска  црна памучна маичка која ќе ви биде доволна за денешните температури. Останатото парче за спојување нека ви биде црно-белото плисирано макси здолниште. Во зависност од вашите обврски одлучете се за рамни обувки или такви на висока потпетица. Ваквата комбинација дури дозволува и патики, па како алтернатива имајте ги во предвид и старките. Уживајте во денот!

Објавено:
2 април 2014
Категорија: 
Тренд