Што да облечете денес?
•
17 март 2015
Драги девојки, не дозволувајте денешното облачно време да ви го расипе расположението со кое ја почнавме работната недела! И денеска, одлучете се за кул комбинација составена од интересно фалтирано здолниште во две бои и го комбинираме со џемперче со интересни цветни детали во горниот дел. Обувките денеска се црни балетанки со златни нитни и црна чанта со ременче. Вашето омилено прстенче и црната марама денеска се доволни кога станува збор за модните додатоци!